Високиот функционер на ДУИ, Артан Груби утрово преку Фејсбук
порача декас Европскиот фронт предводен од неговата партија по изборите стана
втора сила во државата.
Европскиот фронт е победник на парламентарните и
претседателските избори. Европскиот фронт има 19 пратеници, опозицијата 13
пратеници. Европскиот фронт е втора сила во државата, за првпат во историјата
на земјата. Али Ахмети повторно постигна голема победа и останува непоразен на
политичката сцена во земјата. Европскиот фронт има двојно мнозинство во
Собранието“, напиша Груби.
На официјалната фејсбук-страница на ДУИ променета е
насловната фотографија – сега на црна подлога е испишана бројката на освоени
гласови на вчерашните избори.