Претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Питер Бајер, пратеник
во германскиот Бундестаг. На средбата се разговараше за актуелна политичка
состојба, соопштија од партијата.
Мицкоски го
информираше Бајер дека во тек е
кампањата за избор на претседател на Република Македонија, а за два дена
почнува и кампањата за парламентарните избори.
Претседателот
Мицкоски потенцираше дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана
Силјановска Давкова е најсериозен избор за шеф на државата, бидејќи како што
рече Силјановска Давкова е човек со принципи која ќе успее да ја направиме
Македонија горда земја како на внатрешен, така и на надворешен план.
Во однос на
претседателската кампања, Мицкоски додаде дека Силјановска Давкова се соочува
со низа навреди и ширење на говор на омраза од страна на актуелниот претседател
на државата од СДСМ, Стево Пендаровски.
Мицкоски искажа
загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, додавајќи дека најнов
шамар за владата на СДСМ и ДУИ е токму извештајот на Фридом Хаус во кој е
нотирано дека Македонија не бележи никаков напредок во борба со корупцијата,
како и дека институциите не се во служба на граѓаните.
Мицкоски рече
дека поради ваква лоша состојба во која се наоѓа државата, граѓаните на 24
април и 8 мај ќе изберат промени.
Мицкоски се
заблагодари на досегашната соработка и поддршка и изрази надеж дека истата ќе
продолжи и во следниот период, стои во соопштението.