<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Куќата во која
живее претседателскиот кандидат Бујар Османи беше дивоградба, а јас како
градоначалник му ја легализирав, изјави лидерот на Демократско Движење Изет
Меџити кој кажа и што направиле Артан Груи и браќата.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Вечерва за прв
пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има
изграденo на диво, а јас како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему како
и на многу други граѓани. Османи наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за
м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“, изјави
Меџити во интервју за ТВ21.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Артан Груби и
неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина
зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“, рече Меџити за високиот
функционер и најблизок соработник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.</span>