<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Претседателскиот
кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју за телевизија Алсат истакна дека
е можен пресврт во вториот круг на изборите на 8 мај, бидејќи како што рече,
убеден е дека мнозинството од граѓаните во Македонија ќе го поддржат концептот
кој го застапувал и во изминатите пет години како претседател, односно концепт
на заедништво, почит кон луѓето кои обединуваат, реализација на стратешките
интереси за државата, подобар живот, демократија и почитување на човековите
слободи и права.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Ќе се обраќам на
сите гласачи, на сите етнички заедници. И гласачите на албанските политички
партии и гласачите на ЗНАМ и на сите други, и на овие две други политички
партии кои имаа кандидати, а испаднаа во првиот круг. Меѓутоа како на граѓани.
Нема да се обраќам и нема да правам заткулисни некои лидерски преговори или под
маса, да ми дадете вие толку гласови, оние толку гласови. Јавно, транспарентно
им кажувам на сите – ова е мојот концепт, јас се залагам за ова и мојот концепт
е драстично различен од концептот кој го нуди Гордана Силјановска Давкова. Тоа
мислам и кај многу Македонци и кај многу Албанци ќе значи. Но, повторувам – се
обраќав до сега и ќе се обраќам од сега на граѓаните, независно за кого гласале
во првиот круг и независно на која етничка заедница припаѓаат“, потенцираше
Пендаровски.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во интервјуто тој
се осврна и на повиците од ВМРО – ДПМНЕ за бојкот на вториот круг од
претседателските избори, истакнувајќи дека со бојкот не се решава проблемот и
не се победува, напротив со бојкот се губи.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Очекувам да се
постигне цензусот, особено зошто имаме двојни избори, многу луѓе ќе излегуваат
и да поддржат некои од политичките партии, има многу партиски листи. Сите кои
ме поддржаа во првиот круг, 15 политички партии и оние од кои очекувам поддршка
во вториот изборен круг никогаш нема од мене да слушнат, ниту досега, ниту од
сега, да се бојкотираат изборите. Конечно, клучното прашање е што добивате со
бојкот на изборите. Тоа не значи дека воопшто ќе немате претседател на
државата. Тоа ќе значи дека за месец ипол два, повторно ќе одиме на избори. И
тогаш ако нема, ќе одиме трет пат, четврти. Државата мора да ја има пополнето
највисоката политичка, државна функција“, подвлече Пендаровски.</span>