logo
logo
logo

ВО МОЈОТ СВЕТ - со НЛБ Рамка за помош

Vecer | 27.04.2024

ВО МОЈОТ СВЕТ  - со НЛБ Рамка за помош

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да  одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.  Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, разговараме со Михаела Кочоска, логопед од Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“

Целта на проектот е да се подобри социјалната интеграција и да се развијат социјалните вештини кај адолесценти и млади со аутистичен спектар на нарушувања (АСН), преку воведување на различни активности и мерки за поддршка. Главната намена е да се создаде инклузивна заедница каде што сите индивидуи, вклучувајќи ги и оние со АСН, имаат можност за успешно вклучување и учество. Воспоставување на програма за менторство со врсници е планирано преку организирање на работилници за вклучување во заедницата, обука за вработување, програми за уметност и креативност, програми за обука за практични вештини како што се буџетирање, готвење и грижа за себе, работилници и групи за поддршка за семејствата на лицата со АСН и други активности.

Зошто е меѓу избраните?

Проектот дава придонес кон социјалната интеграција и развојот на лица, пред се деца, со аутистичен спектар на нарушувања. Проектот овозможува интегриран пристап кон поддршка и образование за оваа популација, и има потенцијал да ја зголеми инклузија и поддршка на лица со различни способности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk