„Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга. На овој ден, сети се на се низ што помина и биди горда на себе за сè што сте постигна и изгради. Posh spice, претприемач и, секако, во брак со капитенот на фудбалската репрезентација на Англија “, напиша Дејвид Бекам на својата сопруга Викторија пред два дена по повод нејзиниот 50-ти роденден.
Тој објави емотивно видео во кое има фотографии и видеоснимки од минатото. Со овој гест разнежни многумина, особено неговата сопруга.
„Ве сакам сите многу“, напиша Викторија, додека Дејвид додаде:
"Твојот најголем успех се децата што ги насочуваш, ги сакаш и ги учиш. Тие те сакаат неизмерно, ама сите ние многу те сакаме. Помини си одлично за твојот ден, го заслужи тоа. 50 и фит. Искрен сум", тој кажа.
Инаку, поранешниот фудбалер и модната дизајнерка се во брак 24 години. Нивниот брак можеби изгледа хармоничен, но вистината е дека имаше многу скандали и љубовни афери.
Кога Дејвид и Викторија ја започнаа својата врска, беа многу таинствени. Не само затоа што ја криеја од медиумите затоа што и двајцата беа паознати, туку и затоа што Викторија во тоа време имала момче, кое го изневерувала со Дејвид.
Затоа се коментираше дека подоцна била попустлива кога ја стигнала кармата. Имено, Дејвид во неколку наврати ја изневерувал Викторија, а таа секогаш му простувала. И му раѓаше деца. Заедно имаат три сина и една ќерка.