logo
logo
logo

Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Vecer | 18.04.2024

Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Џамбо-џет првпат полетал во средината на 1980-тите, но на крајот беше исфрлен од употреба. Последните години ги поминал на пистата на меѓународниот аеродром „Крал Хусеин“. На крајот е спуштен на дното на Црвеното Море.

Потонатиот авион стана едно од најпосетуваните места за нуркање во Јордан, пренесува Метро.

Неговите мотори се сè уште на место, а не се допрени ниту кокпитот, тоалетите и галијата.

„Кокпитот е во најплиткиот дел, на длабочина од 13 метри, а последните два излеза се на 28 метри“, откри подводниот фотограф Брет Холцер.

На интернет има бројни снимки од потонатиот L1011 Tristar, а интересно е што тој во еден момент по грешка бил поврзан со исчезнатиот MH370.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од потонатиот брод за која се наведува дека го претставува леталото на компанијата „Малезија Ерплане“, кое во 2014 година било изгубено без трага.

Во пораката стоело дека „не се пронајдени човечки останки во кабината“, но подоцна е избришана.

Набрзо, шпекулациите беа ставени на крај бидејќи фотографијата одговараше на снимката направена на брегот на Акаба, односно подводната атракција таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk