logo
logo
logo

Огромна ајкула упадна во кафез со нуркач, се појави крв (Вознемирувачко видео)

Vecer | 27.03.2024

Огромна ајкула упадна во кафез со нуркач, се појави крв (Вознемирувачко видео)

Го прикажува моментот кога четириметарската голема бела ајкула упаднала во заштитниот кафез додека ужаснатиот нуркач бил внатре.

Вознемирувачката снимка покажува како луѓето го отвораат кафезот додека морското чудовиште избезумено ја фрла главата наоколу, обидувајќи се да се ослободи.

Очајните луѓе не можат да му помогнат на нуркачот, а во еден момент се гледа крв. Сепак, не е од човекот, туку ајкулата ги повредила жабрите.

„Таа ја зграпчи мамката во водата, но случајно удри во страната на кафезот и заврши внатре. Удри толку силно што ја скрши металната шина“, вели авторот на видеото.

Крвавениот ѕвер на секој начин се обидувал да се ослободи, а луѓето не биле сигурни дали стигнала и до нуркачот, пренесува The Sun.

Кога конечно излета од кафезот, настана тишина. Сите чекаа да се појави нуркачот, што тој и го направи!

„Заврши на дното на кафезот, гледајќи надолу во ајкулата. Тој е многу искусен, па остана смирен“, изјавил камерманот.

Нуркачот чекал морскиот предатор да исчезне во длабочините, па мирно излегол од кафезот, без повреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk