Извори блиски до кралското семејство велат дека принцот Хари бил „во солзи“ кога британскиот крал Чарлс ја најавил новата титула на неговиот брат, принцот Вилијам.
Експертот за кралското семејство Том Квин рекол дека додека војводата од Сасекс се вратил во Велика Британија оваа недела на 10-годишнината од игрите Invictus, кратко откако слетал во Лондон, било откриено дека кралот Чарлс бил премногу зафатен за да се сретне со својот син, и покрај неколкунеделните шпекулации дека можеби ќе се сретнат.
А потоа, само неколку часа откако беше потврдено дека кралот Чарлс нема да се сретне со принцот Хари, Бакингемската палата објави дека кралот на принцот од Велс ќе му ја додели воената чест што требаше да ја добие војводата од Сасекс, пренесува Мирор.
Принцот Вилијам сега е главен полковник на кралските воздухопловни сили - полкот со кој принцот Хари служеше во Авганистан.
Како што изјави Квин за Мирор, објавата на кралот Чарлс дека на принцот Хари му е одземена улогата на врховен полковник на воздухопловните сили е вистинска „шлаканица“ за синот кој отсекогаш се чувствувал маргинализиран и тоа токму од братот на кого Хари гледа како на причина за многу негови проблеми.
Освен тоа, тоа е „јасен показател за Хари дека тој навистина повеќе не е добредојден“, истакнал Квин.
Тој рекол дека членовите на кралското семејство знаеле дека објавата навистина ќе му наштети на Хари, кој бил во солзи кога ја слушнал.
„Но, тие решија да ги тргнат ракавиците и дека Хари треба да разбере оти кога го изневерувате семејството, не бегате само од работите што ги мразевте да ги правите како член на кралското семејство“, нагласил Квин.