logo
logo
logo

Љубопитен ракун се провлекол во електрана и оставил 16.000 домови без струја

Vecer | 23.04.2024

Љубопитен ракун се провлекол во електрана и оставил 16.000 домови без струја

Клиентите во Оук Крик и Јужен Милвоки останаа без струја во саботата на 20 април околу 21 часот. Компанијата We Energies објави дека тимовите за одговор при итни случаи успеале да го решат проблемот и да ја вратат електричната енергија на околу 8.000 корисници до 22 часот, пренесува Mirror.

Во соопштението на компанијата се наведува дека се вршат работи кои треба да овозможат што поскоро снабдување со електрична енергија на преостанатите погодени потрошувачи.

Љубопитниот ракун наводно ползел меѓу опремата на трафостаницата, но не се знае дали преживеал.

Инцидентите со животни како овој предизвикуваат околу 10 проценти од сите прекини на електрична енергија што ги доживува „We Energies“ секоја година. Среќата е што повеќето штети предизвикани од животните може да се санираат прилично брзо.

Сличен инцидент се случил во февруари во Торонто, Канада, каде што околу 7.000 клиенти останале без струја повеќе од два часа откако осамен ракун пронашол трансформатор на станица за пренос. Портпаролот на Hydro One вели дека барале начини да ја задржат неофицијалната маскота на градот подалеку од преносните станици по големиот прекин на струја во центарот на Торонто. Портпаролката на компанијата рече дека екипите потврдиле дека прекинот бил предизвикан од ракун, „бидејќи животното за жал починало на лице место и било мртво кога пристигнале“.

„Кога ќе се случи вакво нешто, системот се префрла на заштита од понатамошни штети“, вели портпаролката Тицијана Бачега Роза, додавајќи дека животните ги привлекува топлината што ја испуштаат електраните. Покрај разгледувањето на сите мерки за спречување идни слични инциденти, Роза забележува дека експертите за животни се запознаени со случаите и треба да утврдат како ракунот влегол во станицата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk