Веста дека кралот Чарлс има рак во февруари го потресе светот, а набргу потоа се зборуваше за тоа што ќе се случи кога ќе почине. Сега е откриено што ќе се случи со кралицата Камила.
Смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета II, која почина во септември минатата година, беше предвидена во планот за вонредни ситуации познат како „Операција лондонски мост“, па сега постојат протоколи во случај на смрт на кралот, „Операција Мост Менаи“.
<b>Би била слободна да ја избере својата иднина</b>
Одлучено е принцот Вилијам веднаш да стане монарх, а Кејт Мидлтон да стане кралица сопруга.
Според „Дејли мирор“, кралицата Камила потоа ќе стане кралица вдовица, која ќе продолжи да ги извршува своите должности кон новиот шеф на државата, бидејќи не е именувана во кралската лоза на наследување.
Слободна би можела да донесе одлука за својата иднина. Таа би можела да се пензионира во Реј Мил хаус, нејзиниот дом на село или да продолжи со својата добротворна работа, која е фокусирана на области како што се здравјето, писменоста, уметноста и поддршката за преживеаните од силување и сексуален напад.
Првата што ја употреби таа кралска титула беше кралицата Аделаида, која го надживеа својот сопруг, кралот Вилијам IV, за 12 години. Сите нивни деца починале уште во детството, па круната и припаднала на внуката на Вилијам, кралицата Викторија.
По смртта на кралот Џорџ VI во 1952 година, бабата на кралот Чарлс, Елизабета, донела одлука да биде кралица мајка. Била поддржувач на кралицата Елизабета во текот на нејзиното владеење, придружувајќи им се на другите членови на кралското семејство на специјални настани како што се Trooping the Color и Royal Ascot, дури и во доцните 90-ти.
Таа почина во 2002 година на 101 година, а кралицата Елизабета зборуваше за „заразната желба за живот“ на нејзината мајка во ретка емисија од замокот Виндзор пред погребот на кралицата мајка.
„Со текот на годините запознав многу луѓе кои мораа да се справат со загубата на семејството, понекогаш во најтрагични околности. Затоа се сметам себеси за среќна што мајка ми беше благословена со долг и среќен живот. Таа имаше заразна желба за живот и таа ја следеше до самиот крај, исто така, знам дека нејзината вера отсекогаш била голема сила“, рече тогаш Елизабет.
Пред нејзината смрт, кралицата Елизабета изјавила дека сака Камила да биде позната како кралицата сопруга кога Чарлс ќе се качи на тронот.
„Кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека ќе му ја дадете нему и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте и моја искрена желба е, кога ќе дојде време за тоа, Камила да стане кралица сопруга зашто ја продолжува својата верна служба“, порачала Елизабет.