На социјалните мрежи кружи страшна снимка од несреќа на Тенерифе, каде што е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.
Решил да скокне од високите карпи во морето, но погрешно проценил и се забил во нив. По ударот паднал во вода.
По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.
Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко ел Танкон на северот на Тенерифе.
На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.
Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.