logo
logo
logo

Трет ден потрага по изчезнатата двегодишна Данка во Србија

Vecer | 28.03.2024

Трет ден потрага по изчезнатата двегодишна Данка во Србија

Досегашните информации покажале дека двегодишното девојче најверојатно не се наоѓа на подрачјето каде е досега барано, чија површина изнесува околу 10 квадратни километри. Полицијата сега води проверка на базните станици и ги вештачи телефоните на родителите на девојчето и се испитуваат соседите.

-Самиот факт дека е прекината потрагата, значи дека се дојде до некои нови информации кои ја насочија полицијата на оперативна задача. Со целото срце се надевам дека тоа се позитивни информации, и дека наскоро ќе добиеме информација дека Данка е пронајдена жива и здрава,- изјави, Славица Радовановиќ – полковник во пензија на мин. за внатрешни работи на Србија.

Паралелено со оперативната истрага, според српските медиуми, се чешла и дворот на куќата на семејството каде исчезнала Данка. На местото дошол и багер кој го прекопувал запуштениот имотот прекриен со шут и обраснат со трње. Во исто време, полицијата врши проверка на шахтите и јамите во населбата.

-Може да кажеме дека поголем дел е пребаран, но секогаш постојат тие пет до десет отсто веројатност, што не можеме да ја потврдиме, дека детето го нема, од различни фактори. Постои ситуација кога ветерт не го носи мирисот на страната од каде доаѓа куќето, туку го носи на друга страна,- Дејан Шевковиќ – планинарска спасувачка служба.

Потрагата по двегодишното девојче до вчера се вршеше од воздух и копно, со  над илјада полицајци, спасувачи и доброволци. Се користеа дронови со термо камери, хеликоптери и кучиња трагачи, но досега потрагата не даде никаков одговор.

На Данка Илиќ ѝ се губи секаква трага од вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско Поље кај Бор. Исчезнала во моментот, кога мајката му давала вода на својот син. Полицијата дошла за 15-тина минути по пријавувањето, а последен пат, според мештаните, била видена како се упатува кон шумата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk