Пред две години цел регион се држеше за стомак од смеење поради изјавата на едно девојченце од Босна и Херцеговина. Имено, таа тогаш за Велигден беше прашана чие јајце ќе биде најјако, а таа даде толку генијален одговор, што ова видео и денес се шири по мрежите!
За да дознаат како се подготвуваат за Велигден, новинарски екипи отишле меѓу основците. Таму наишле на девојче кое подготвило тактика која никогаш досега не пропаднала, а која сите барем еднаш во животот сме ја користеле - дрвено јајце.
Сепак, главната работа, која го насмеа целиот регион, дојде откако призна дека изневерува, односно објасни зошто го прави тоа.
- И чие јајце ќе биде најсилно, праша новинарот.
- Моето, кратко вели девојчето.
- Од каде го знаеш тоа, повторно праша новинарот.
- Па затоа што имам дрвено јајце, рече тоа.
- Па, дали е тоа изневерување, праша новинарот.
На што следуваше одговорот, која се уште го засмева регионот.
- Па, понекогаш мора да се изневерува малку, вели тоа со насмевка.
„Убаво си објасни детето“ и „оваа малечка сум јас“... се само дел од коментарите под видеото.