logo
logo
logo

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Vecer | 26.04.2024

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова  е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk