logo
logo
logo

Грчката и турската делегација денеска ќе одржат средба во Атина за мерките за градење доверба

Vecer | 22.04.2024

Грчката и турската делегација денеска ќе одржат средба во Атина за мерките за градење доверба

Како што соопштија од Министерството за одбрана на Грција, грчката делегација ја предводи амбасадорот Теохарис Лалакос, шеф на турската делегација е заменик-министерот за надворешни работи Бурак Акчапар, а на состанокот ќе учествуваат и високи претставници на вооружените сили на двете земји.

Претходната средба на грчката и турската делегација за мерките за градење доверба меѓу двете земји се одржа на 13 ноември во Анкара. 

Во петок, според најавите, во Истанбул се очекува да се одржи средба на делегациите од Грција и Турција за економската соработка, односно за т.н. позитивна агенда, додека пак на 13 мај грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посети Анкара каде што ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk