Утрово во Белград се одвивала вистинска драма, а според очевидци, маж над автопатот на Бежаниска коса се заканувал дека ќе скокне од надвозник, па веднаш била повикана полиција.
Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, граѓаните биле вознемирени од глетката кога забележале дека мажот потполно гол се заканувал дека ќе се самоубие скокајќи.
- Возев во тој правец, и кога го кренав погледот, видов човек без облека, изгледаше дека секој момент ќе скокне. Луѓето поминуваа шокирани, верувам дека сите ги вознемири глетката, а некој веднаш повика полиција, изјавил еден од очевидците на немилата сцена.
Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и, за среќа, била спречена трагедија, а како што успеавме да дознаеме поради здравствената состојба на овој човек веднаш бил пренесен во соодветна установа.
- Едно лице поради неговата здравствена состојба е пренесено во соодветна здравствена установа, неофицијално е потврдено за српски Курир.