Неименуван пензионер од Сплит ги оставил во шок соседите и корисниците на социјалните мрежиоткако решил да се симне од третиот кат на зградата во духот на Спајдермен.
На страницата на Инстаграм „Дневна доза на просечен далматинец“ објавено е видео наводно направено во Сплит, на кое постар господин облечен во сина јакна и фармерки полека се спушта од третиот кат на станбена зграда користејќи ја фасадната декорација.
<b>„Барем носи гаќи“</b>
За среќа, судејќи по видеото, дедото безбедно слегол на земја, иако видеото му донесе неколку прекари.
„Нека си го земе некој дедо му“, „Швалер ветеран, кој знае - знае“, „Колената добро му служат“, „Ау барем гаќи носи“, „Мажот порано дошол дома од работа“, ова се само некои од коментарите кои се напишани под виралното видео.