Дарко Костовски и Велимир Смилевски вчеравечер се сретнаа повторно, на втор дуел на ТВ Клан. За време на дуелот актуелниот градоначалник на Бутел Велимир Смилевски „се збуни“ па рече дека се градела градинка во Бутел 1 при што Костовски веднаш му реплицираше и го потпраша каде се гради. Смилевски виде дека муабетот не поминува, па поправи дека ЌЕ се градела градинка.
– Жив фатен во лага, па кога виде дека не поминува се извини. Во име на сите граѓани на Општина Бутел ќе се потрудам до крајот на оваа кампања Велимир да се извини за сите лаги и превари, тој лаже без срам, без елементарен човечки осет, стои во Фејсбук објавата на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел.
Костовски пишува дека Велимир е веќе минато и дека Општина Бутел избира нова иднина, без лаги и превари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата