logo
logo
logo

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Vecer | 09.05.2024

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Според извештајот објавен денеска од Save the Society и Thunderstorm Awareness Forum, 43 луѓе загинале од гром во текот на осум дена во мај, а 31 лице во април.

За еден ден во мај од гром загинаа 11 лица, а деветмина беа повредени.

„Во текот на изминатата деценија до 2021 година, громови убија најмалку 2.800 луѓе во Бангладеш“, покажуваат официјалните податоци. Оваа земја, како делта држава опкружена со Бенгалскиот Залив, доживува сè почести и смртоносни удари од гром.

Експертите велат дека ова очигледно се должи на климатските промени.

Кабирул Башар, претседател на Форумот и професор на Универзитетот Јахангирнагар, рече дека идентификувале две причини за зголемување на ударите на гром - зголеменото влијание на глобалното затоплување и сечата на дрвјата во руралните делови на Бангладеш, особено високите дрвја во полињата во Бангладеш.

Според Обединетите нации, во Бангладеш годишно се регистрираат просечно 300 смртни случаи предизвикани од грмотевици.

Овој април, Бангладеш го доживеа најдолгиот топлотен бран досега од 1948 година и  првпат речиси 75 до 80 отсто од земјата доживеа континуирани топлотни бранови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk