Албанските медиуми објавија снимки од последните моменти на 39-годишната Алма Арази и нејзините три деца, пред да се удават во реката Бојана.
Снимките се направени од камерите на околните фирми, по проверките што ги извршиле полицијата и Обвинителството за расветлување на овој настан.
На една од снимките се гледа моментот кога Алма со трите деца се разделува од золвата со детето, откако излегле од локалот каде пиеле кафе околу 20:09 часот.
Роднината на Алма, откако застанала и си размениле последни зборови со Алма, го извадила својот телефон и изгледа како да разговарала со некого. Потоа заедно со своето дете тргнува на пат во друга насока.
Камерите снимиле дека Алма потоа во 20 часот и 21 минути дошла на реката Бојана. На видеото, се чини, дека тие не скокнале од мостот, туку дека мајката ги спуштила децата под мостот, ги однела до брегот на реката и ги турнала во водата.