logo
logo
logo

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години

Vecer | 09.05.2024

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години

Научниците сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло... Но, и поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите минуваат повеќе време надвор и во физички активности.

На второ и трето место се Италија, каде што луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години. Просекот на Европската унија е 81,5 години.

- Во средоземноморските земји го цениме и социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто од луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител, вели Мануел Ангвита, претседател на шпанската Асоцијација на кардиолози.

Старосната граница е најниска во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на дното е Бугарија, каде што животот во просек трае 75,8 години. Стручњаците сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и тоа што пијат помалку алкохол, солидните здравствени услуги, тоа што со десетлетија не биле во војна и политиката на намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk