Состојбата во студентските домови дел од дебатата во
емисијата „Daily Click“ на ТВ21 помеѓу потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и и
кандидат за пратеник во ИЕ 1 од коалицијата Твоја Македонија, Гордана
Димитриеска Кочоска и лидерката на ЛДП и коносител во ИЕ1 од коалицијата за
Европска иднина, Моника Зајкова.
Според Зајкова новата коалициска програма е базирана на
човековиот капитал и истиот предвидува низа мерки за младите.
„Дел веќе се поклопуваме со останатите политички субјекти
како домувањето на младите, и добро е што сите сме го детектирале дека тоа е
генерален проблем кој што ги мачи младите луѓе. Мерка од 200 евра за
вработување на млади лица до 26 години, чинам дека веќе ја споменавме и мерката
за ослободување од данокот на личен доход, и низа други мерки кои што опфаќаат
категории од основното образование до студиското образование, но кои што го
допираат секој млад човек“, вели Зајкова.
На ова со реплика се јави и Димитроска Кочоска која праша
зошто чекале до сега.
„За толку години власт, колку што се, од 2017 до 2023
година, животниот стандард во 2016 година бил 36,9% како процент од животниот
стандард на Европската Унија и во 2023 е исто 36,9%, а да напоменам во 2006
кога сме ја презеле власта бил 29,5%. Значи за толку години од 29,5% оди на
36,9% што значи имаме сериозно подобрување на животниот стандард, за да во
последните години имаме некои циклични движења и останеме на исто ниво како од
кога е преземена власта“, додава Димитриеска-Кочоска