Драган Ковачки, носител на изборна единица денеска беше во
посета на Кочани.
За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до
Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани – Велес,
третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони
евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна
гаража и изградба на старечки дом.
Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да
ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за
Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за
претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република
Македонија.