Шер (77) открила дека одбила состанок со Елвис Присли, а објаснила и зошто најчесто излегува со помлади мажи.
„Причината поради која излегувам со млади мажи е затоа што мажите на моја возраст или постарите... Па, или сега сите се мртви. Порано се плашеа да ми пријдат, а помладите мажи беа единствените кои го правеа тоа...“, рекла пејачката, а водителката искоментирала: „Храбри се“. Шер се согласила со неа.
„Ги израснале жени како мене“, додала таа.
Да потсетиме дека Шер веќе неколку години е во врска со 40 години помладиот од неа рапер Александар Едвардс. Двојката првпат беше видена како се држат за раце во Лос Анџелес во ноември 2022 година, а Шер го направи своето прво појавување на црвениот тепих со Едвардс минатиот март кога споделија бакнеж пред камера. Минатиот септември на ревијата на Balmain во Париз официјално потврдија дека се во врска.
Познатата пејачка минатата година гостуваше во шоуто на Кели Кларксон, каде ја коментираше големата разлика во годините меѓу неа и Едвардс.
„Па, некако е смешно на хартија, но во реалноста навистина добро се сложуваме. Тој е фантастичен и не им давам на мажите квалитети што не ги заслужуваат. Тој е многу љубезен, паметен, талентиран и навистина смешен. Мислам дека е и доста згоден“, рече тогаш таа и додаде: „Да не запознав помлади мажи во мојот живот, никогаш немаше да излегувам, бидејќи постарите мажи не ме сакаа толку многу.“