Кристијан Диор беше еден од најпознатите модни дизајнери на минатиот век. И покрај децениите, брендот Диор сè уште се смета за синоним за квалитет и добар вкус. Самиот Кристијан Диор бил позитивен кон жените, но некои ги презирал.
Еве неколку типови на жени кои Кристијан Диор ги сметаше за незрели:
<b>Жени со валкана коса</b>
Како и Коко Шанел, и Кристијан Диор верувал дека најлошото нешто што една жена може да го направи е да ја напушти куќата со валкана коса. Диор верувал дека за жената не може да се каже дека е негувана ако си дозволи да се појавува во јавноста со валкана коса.
Чистата коса е една од најсилните предности на една жена.
<b>Женственост</b>
Ако жената не е женствена, тогаш не може да се смета за дама. Ако ја негира својата женственост и не ја истакнува, тогаш не е жена, смета Диор.
Според Диор, женствено не се само чевлите со потпетици и фустани, туку и однесувањето, манирите, комуникацијата со другите луѓе.
<b>Соодветна облека</b>
Диор верувал дека правилната нега на телото бара и избор на облека што одговара на нашето тело и карактер. Негувана жена е онаа која носи облека што и прилега на нејзината фигура и која умерено ја истакнува, изјави еднаш Диор.
<b>Чевли</b>
„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама е на нејзините нозе“, изјавил Диор.
Тој верувал дека женските чевли се неопходен атрибут на женственост. Негуваните жени не можат да излезат од дома со чевли кои не се женствени. Кристијан Дион не можеше да поднесе патики на женски нозе.
<a href="http://vecer-mk">Фото:</a> <a href="https://www.vesti.mk/category/najnovi">Профи</a>