logo
logo
logo

Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

Vecer | 24.04.2024

Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

Се предвидува дека низа бранови на притисок и аномалии ќе се протегаат од Северна Америка сè до Европа, пишува Severe Weather Europe.

Над северната хемисфера, следните месеци ќе бидат преоден период помеѓу Ел Нињо (топла фаза) и Ла Ниња (ладна фаза), што ќе остави свој белег на атмосферата и временските обрасци.

Еден од главните двигатели на зимските временски услови и раната пролет беше Ел Нињо. Врвовите на топли аномалии беа забележани во декември, но на почетокот на оваа година почна нагло опаѓање на температурите, а се очекува целиот регион над Екваторот да оди во негативен циклус во текот на летото.

Силен подземен ладен базен е главниот предуслов за падот на Ел Нињо. „Топлата фаза“ моментално е во распаѓање, а појавата на многу студен циклус започнува кон крајот на летото 2024 година, а ќе трае до 2025 година.

Врз основа на сите податоци од прогнозата, Severe Weather Europe известува дека Ел Нињо е во брз пад. Сепак, ваквите големи настани обично бараат подолг временски период бидејќи на атмосферата и треба одредено време за да одговори на овие океански промени.

Податоците покажуваат дека големи делови од централниот и источниот дел на Соединетите Американски Држави и јужна Канада ќе доживеат температури над нормалните, додека Европа може да очекува пониски температури.

Од Severe Weather Europe велат дека прогнозите за летото, односно за јуни, јули и август, укажуваат на област со натпросечни температури и поголема тенденција за топлотни бранови над јужниот дел на САД, па сè до северните делови. Втората област е над јужните делови на Европа каде што времето ќе биде потопло од нормалното во поголем дел од континентот.

Најсилни аномалии и тенденции на топлотни бранови има во централните и јужните делови на континентот.

Кон крајот на летото, Северна Америка ќе ги почувствува раните промени на новата Ла Ниња што се појавува, бидејќи е многу поблиску до изворниот регион во Пацификот.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk