Човек од Тексас го смени името во Буквално било кој друг и ја објави својата кандидатура за претседател на САД.
Порано познат како Дастин Ебеј, 35-годишниот е ветеран на американската армија и професор по математика во предградието на Далас. Сега има ново име во возачката дозвола.
Тој вели дека на ваков потег го поттикнало неговото незадоволство од претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп.
„Триста милиони луѓе можат подобро. Треба да има некоја опција за луѓе како мене на кои им е преку глава од постојаната борба за моќ меѓу две партии што воопшто не им користи на обичните луѓе“, рече Елс.
„Не мора да се работи за мене како личност, туку буквално за кој било друг како идеја“, изјави тој за новинската куќа WFAA88.
„Буквално кој било друг не е личност, тоа е крик“
За неговата кандидатура да биде успешна, тој треба да собере 113.000 потписи од гласачите кои не се на првичните избори во Тексас до мај. Бидејќи тоа е малку веројатно, тој започна кампања за да ги убеди луѓето да го стават неговото ново име на гласачкото ливче.
„Нема опција „било кој друг, или никој“ на гласачкото ливче и на овој начин можеме да го поправиме тоа на некој начин“, рече тој.
„Буквално било кој друг не е личност, тоа е крик. Предолго, Американците беа жртви на нивните две политички партии кои ја ставија партиската лојалност пред да управуваат со земјата. Заедно, да испратиме порака до Вашингтон и да кажеме: „Или вие не застапувате или ние ќе ве замениме“, пишува на неговата страница.