logo
logo
logo

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња

Vecer | 24.04.2024

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња

Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавни службеници во случаите на кражба на бебиња во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.

- Во таканаречената трговија со бебиња, која се случила главно во 70-тите и 80-тите години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 можеби се продадени, рече Јерај и додаде дека се соработува со српско здружение за овие случаи, говорејќи за иницијативата на нејзината СДС и партијата Нова Словенија, пренесуваат словенечките медиуми.

Словенечкото здружение на родители на украдени деца овој проблем минатата година го презентираше до собраниската Комисија за петиции, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се што е во нивната моќ.

Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во повеќе случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk