Здружението Бранител бара изградба спомен обележје на загинатите бранители од Куманово

Кумановското здружение "Бранител 2001" најави дека од локалната власт ќе побара да се изгради споменик на загинатите бранители од Куманово за време на воениот конфликт 2001 година.

Од здружението информираат дека по првичните разговори, градоначланикот на општина Куманово,Зоран Дамјановски се согласил за изградба на заедничко одбележје на загинатите бранители. Предлогот на здружението е споменикот да биде поставен во паркот на кејот на Кумановка,кај спортската сала.

Спомен одбелелжјето ќе биде заедничко за загинатите Дејан Јакимовски(26),загинат кај Танушевци на 4 март 2001, Дејан Денковски, Бобан Трајковски (28), загинат на 28 април 2001 кај Вејце, Србољуб Спасовски и Видан Коцевски.

Најнови вести

Коментари