„Златна роза“ за најдобра режија за филмот „Мејкинг оф“

Специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ освои македонскиот филм „Мејкинг оф“ на режисерот Кузман Кузмановски на 6. издание на меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“, кој се одржува во Софија.

Филмот беше прикажан на 8 септември пред многубројна публика во рамките на фестивалот, кој трае од 7 до 10 септември.

„Оваа награда доаѓа само неколку дена пи премиерата на филмот. Тоа е потврда на правилото дека кога нешто се работи од срце, тоа ќе биде забележано и вреднувано. Ѝ се заблагодарувам на целата екипа што се вложи максимално професионално во овој филм“, вели режисерот Кузмановски.

Во моментот филмот е на репертоар на киното „Синеплекс“. Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички, Мартин Минговски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари