Жељко Јоксимовиќ и Цеца биле заедно?! Ова е правата вистина зошто пеачката во еден момент се повлекла од сцена (видео/фото)

Цеца Славковиќ собрала бројни симпатии од публиката од мометот кога се појавила на естрада, што со глас, што со специфичната насмевка. Била и е единствена пеачка која можела совршено да ја изведе "Бато" пред Калиопи, и која со сопствените хитови и тоа како ги обележила деведесетите.

А некогаш, Цеца ја поврзувале со Жељко Јоксимовиќ.

Долгата соработка со Јоксимовиќ во ек на кариерата, после бројни песни напишани и два издадени албуми, пеачката наеднаш целосно се повлекува од сцената.


"Ако сакате да знаете што во мојот живот беше последно што очекував, тоа е секако, медиумско внимание и естрадно експонирање.
Ако ме прашувате дали уживава во тоа што редовно се појавував во медиумите – не. Сакам ли да се вратам на естрада – не сакам. Дали еден ден ќе се вратам – незнам", изјавила своевремено Цеца и додава:

"Би кажала дека тоа не треба да го правам во овие години. Она што ми недостасува се добрите луѓе кои ги запознав додека живеев како јавна личност. И денеска ги гледам, но не пред, туку позади камерите", заклучила таа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари