Татко на квадрат

Жељко Јоксимовиќ доби две ќерки, стигнаа Ана и Срна!

Пејачот Жељко Јоксимовиќ повторно стана татко, овој пат на близначките кои ќе се викаат Ана и Срна. Неговата сопруга, водителката Јована се породила нешто после полноќ.


"Светот од денес е побогат за уште две прекрасни девојчиња. Ана и Срна. Добро ни дојдовте, драги принцези", напишал Јоксимовиќ на Твитер.

Јована и Жељко го имаат синот Коста, кој има три и пол години, а од првиот брак Жељко ја има и ќерката Мина, која е веќе возрасна и студира музика како и нејзиниот славен татко.

Поврзани

Најнови вести

Коментари