logo
logo
logo

Згодните „УРАГАНКИ“ уживаат на егзотична локација, а фотките им се БОМБАСТИЧНИ!

Vecer | 15.06.2021

Згодните „УРАГАНКИ“ уживаат на егзотична локација, а фотките им се БОМБАСТИЧНИ!

Девојките од групата „Ураган“ го преплавија Инстаграм со своите голишави фотографии од Занзибар каде што полнат батерии пред претстојните концерти.

Сања позираше во краток жолт фустан, кој ги стави нејзините витки и тетовирани нозе во преден план, а фановите ја опсипаа со комплименти за нејзиниот изглед и фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Vučić (@sanjalilwolf)

Покрај тетоважата на внатрешноста на десниот бут, на фотографијата се гледа и една што ја има под левото рамо, а овој пат не ја покажа големата тетоважа со цвеќе на десната нога што имавме можност да ја видиме за време на нејзиниот настап во арената Ахој во Ротердам.

Сања за српски Телеграф откри и дека ова е нејзината единствена тетоважа која има значење и дека им ја посветила на сите жени во нејзиниот живот, додека другите ги направила затоа што обожава да се тетовира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenia (@ksenia.knezevic)

Ксенија позираше на истото место, откривајќи го рамниот стомак и доби и повеќе од 40.000 лајкови и бројни пофалби од нејзините обожаватели.

А откако го запали Инстаграм со жешка фотографија од плажа, Ивана позираше на креветот во друг секси костим за капење кој ја откри нејзината беспрекорна фигура.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk