Десет години брак, судски заврши за десет минити...

Завршивме се за десет минути: Се огласи Мустафа после официјален развод со Емина.

Дојдовме овде заедно, заминуваме заедно -  остануваме пријатели

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал дефинитивно ставиле точка на десет години брак.

Да потсетиме, 15 фебруари оваа година Емина покренала бракоразводна парница, а од 6 јуни, официјално не се повеќе брачен пар.

Како пренесуваат медиумите, се се завршило за 10 минути.

- Денеска ставивме точка на нашиот брак. Двајцата вртиме нова страница во нашиот живот, но нашата љубов и нашето почитување ќе продолжи се до нашиот последен здив. Ќе се трудам да бидам корисен за синовите. Дојдовме овде заедно, заминуваме заедно. Остануваме пријатели – рекол Мустафа непосредно по завршување на овој судски процес.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари