Џоли тесно соработувала со двајца политички советници кои ги запознала додека работела во Обединетите нации и тие основале здружение кое се занимавало со проблемот со насилството врз жените, но проектот завршил неславно.
Фондацијата Џоли Далтон Хелик, како што пишува Дејли Мејл, официјално е затворена. Џоли инвестираше огромна сума на пари, поточно 1,7 милиони фунти, откако го основа здружението во 2015 година заедно со бароницата и британска политичарка Арминка Хелик и Клои Далтон. Но, здружението наиде на финансиски проблеми и останале само 52.957 фунти, а долгот кон доверителите им е уште 1.524 фунти.