Меѓу поканетите биле многу пејачи кои за пликови издвоиле и по 1.000 евра, а не недостасувале и оние од 2.000 евра рекол извор.

Данијел Јовановиќ, син на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ, се оженил со својата долгогодишна партнерка Тијана а гала венчавање се одржало во еден престижен ресторан, а многубројни гости од јавната сцена издвоиле голема сума пари за пликови наменети за младенците, дознава Ало!

Како што открива изворот, младенците на пликовите заработиле повеќе од 100.000 евра, а таков износ и самите не очекувале.

– Сузана и Саша не ги штеделе парите за првенецот да организираат венчавање од бајките, а најмалку за што размислувале дали ќе ги вратат вложените пари. Иако тоа смешно звучи прослава од 200 гости за нив била интимна и во најтесниот круг со обзир на првобитниот список тој број бил двоен. Секој гостин кој дошол на венчањето се потрудил да го испочитува Поповиќ, а најмалку парата во пликовите во која била и понекоја од 200 евра, раскажал изворот и открил дека естрадните пејачи дефинитивно дале најмногу пари.

На свадбата на синот на Сузана пееле најголемите ѕвезди од српската естрада, а за микрофон се фатиле Лепа Брена и Снежана Ѓуришиќ