НОВО ИМЕ НА ЕСТРАДАТА:

Запознајте ја Ангела Даиловска преку нејзината прва песна (АУДИО)

Факт е дека на македонската музичка естрада и недостигаат нови таленти кои ќе ја разбудат и така заспаната сцена.

Факт е дека на македонската музичка естрада и недостигаат нови таленти кои ќе ја разбудат и така заспаната сцена.

Младата Ангела Даиловска е токму една од новите музички надежи која ветува многу. Таа пред неколку дена ја објави својата прва песна која носи наслов „Јас не сум ти", а коментарите се и повеќе од позитивни.

Станува збор за песна на на Гоце Симоновски кој ја направи музиката и арнажманот, додека текстот дело на Роберт Матовски.

Песната веќе се слуша на повеќето радиостаници во земјава, а Ангела вели дека ова е само почеток.

Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката и повеќето ќе се пронајдат во неа. Ова е моја прва песна, но ќе продолжам да творам и понатаму. Сакам да сум на естрадата, сакам да пеам, да имам своја публика – вели младата Ангела.

Поврзани

Најнови вести

Коментари