logo
logo
logo

Започнува домашна “Династија“: Еве кој ќе го глуми Блејк, а кој Кристл и Алексис...

Vecer | 09.06.2021

Започнува домашна “Династија“: Еве кој ќе го глуми Блејк, а кој Кристл и Алексис...

Повеќето од помладата генерација никогаш не ја гледале “Династија“, но нешто постарата се сеќава каква еуфорија владеела во време кога се прикажуваше оваа сапуница.

Наскоро ќе се добие “балканаска“ верзија за оваа култна серија, која ќе се реализира во продукција “Emotion“, а ќе биде прикажана на “Пинк“. Снимањето на оваа серија ќе трае 18 месеци

Во улогата на Блејк Карингтон, која во српска верзија ќе се вика Бранко Кадиќ, ќе ја игра црногорскиот глумец Бранимир Поповиќ. Алексис Карингтон ќе ја глуми Марија Каран, а во кожата на кревката Кристл, е Ана Савиќ. Конкурентот на Блејк Сесил Колби, игра го Пеѓа Бјелац, а Фрањо Ласич ќе биде адвокатот на Блејк...

Додека не пристигнат српските Карингтонови, одоносно Кадиќи, позната сапуница “Династаија“ се емитуваше од 1981. до 1989. година, а дејството се одвивало во Денвер. Интересно е што во првата сезона немала гледаност, а пресвртот се случил кога пристигнала Алексис.

На просторот на бивша Југославија сите епизоди од “Династија“, а снимени се 220 епизоди, прикажувани се од 1984. до 1992 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk