logo
logo
logo

Закажан и 28. Охрид фест - новото издание во септември

Vecer | 15.06.2021

Закажан и 28. Охрид фест - новото издание во септември

Подготовките за претстојниот „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ се во полн ек, а стартот е закажан за 10 септември. Како што е познато, сидрото е во Охрид, на најубавата сцена на Балканот, на Долни Сарај, откаде ќе одекнат песни што долго ќе се паметат. Годинава фестивалот е конципиран во две вечери, во Фолк и Интернационална, кои ќе се случуваат на 10 и 11 септември, со што продолжува музичката традиција долга 28 години.

- Минатата година, и покрај неизвесноста со пандемијата, го одржавме фестивалот, на што сме особено горди. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп- композиции и атрактивни гости на Интернационалната вечер – вели првиот човек на „Охрид фест – Охридски трубадури“ Григор Копров.

На фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Барбара, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, „Соната“, Нино Величковски, Петар Христов, групата „Лихнида“ и многу други.

Ќе ги видиме и: „Нокаут“, Ристо Самарџиев, Александар Јосифовски, Димитар Андоновски, Филип Јордановски…, а организаторите најавуваат многу музички изненадувања на Интернационалната вечер.

Годинава „Охрид фест“ посебен акцент и внимание им посветува на новите музички сили, на дебитантите што ќе ја започнат својата музичка кариера токму од Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk