Покрај двајцата загинати, уште шест лица се повредени откако нивното комбе се превртело во близина на полуостровот Долна Калифорнија.
Министерството за култура на Долна Калифорнија ја потврдило смртта на Рејмондо Гардуно Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, пишува Independent. Се уште не е познат идентитетот на повредените.
Нивното комбе наводно се превртело во близина на Мулеже во пустинската област додека патувале за Санта Росалија, каде се снима серијата.
„Избраниот“ е приказна за 12-годишно момче кое дознава дека е предодреден за второто Христово доаѓање, објави ТМЗ. Приказната е заснована на стрип на Марк Милар и уметникот Питер Грос, а екипата започнала со снимање во април.