logo
logo
logo

Видео

Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и "Мерак" преработија негов познат хит

Vecer | 10.06.2021

Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и "Мерак" преработија негов познат хит

„Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си мерак песна да те испеам...“, се стиховите кои ја одбележаа далечната 1988 година. Темата “Да си мерак песна“ која тогаш на Макфест ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години повторно ги оживеа пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“.

„Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е се’“, вели Бојана.

Идејата за оваа преработка е на Марио, кој е фронтмен во составот „Мерак“ и кој го потпишува и новиот аранжман.

Првични автори, пак, се хрватскиот композитор Ивица Стамаќ, а текстот е на Зафир Хаџиманов кој Марио го контактирал пред неколку месеци за да побара дозвола за преработка, на што Зафир одговорил со воодушевување, но за жал, не успеа да ја слушне.

„Зафир беше многу среќен што сме се сетиле на оваа песна и со задоволство ни даде дозвола за снимање на оваа преработка, сакаше да ја слушне веднаш штом ќе ја завршиме, но почина непосредно пред да ја промовираме и, за жал, не успеавме да му ја пуштиме“, вели Марио.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=zdZxyWL9JOI[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk