logo
logo
logo

Зачестија интимните венчавки: Кортни се омажи за Тревис

Vecer | 19.05.2022

Зачестија интимните венчавки: Кортни се омажи за Тревис

Двојката се вери во октомври минатата година, а фотографиите од разнежнетиот Тревис, кој клекна на едно колено на годишнината од нивната врска и традиционално ја запроси Кортни на една од плажите во Санта Барбара, го обиколија светот.

Кортни Кардашијан потоа доби прстен кој се проценува дека вреди околу милион долари.

Двајцата успеаја да ги измамат обожавателите пред еден месец кога полупијани се венчале пред имитаторот на Елвис Присли во капелата во Лас Вегас.

Кортни тогаш објави дека таквиот брак не е легитимен, туку е повеќе еден вид проба, за што славниот пар издвоил симболични 200 долари.

Ѕвездата на реалното шоу и рокерот официјално ги разменија своите завети пред неколку пријатели во судницата во Санта Барбара, Калифорнија, на 16-ти мај.

И овој пат децата отсуствуваа како и сите останати, па се претпоставува дека славната двојка ќе приреди официјална спектакуларна венчавка по два чина скромен брак.

Кортни претходно беше во врска 10 години со Скот Дисик со кого има три деца, но Тревис е нејзиниот прв сопруг.

Од друга страна, Тревис двапати се женеше, а од вториот брак има две деца.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk