logo
logo
logo

За милион евра Хари и Меган ПОВТОРНО НА ТЕЛЕВИЗИЈА

Vecer | 07.04.2021

За милион евра Хари и Меган ПОВТОРНО НА ТЕЛЕВИЗИЈА

По интервјуто кај Опра, Хари и Меган повторно ќе се најдат на телевизија. Тие работат на заеднички ТВ проект и најавуваат спортски игри пред камерите, кои имаат за цел рехабилитација на повредените и болните.

Нивната компанија „ Archewell Productions“ ја објави првата документарна серија што ќе се прикажува на платформата Нетфликс, наречена „Heart Of Invictus“.

Војводата и војвотката од Сасекс минатата година потпишаа договор со Нетфликс, за кој се верува дека вреди милиони фунти, пишува порталот News.sky.com.

Продукцијата најавува дека серијата ќе следи група луѓе од целиот свет, кои како припадници на вооружените сили „претрпеле повреди или болести што им го смениле животот“.

Целта на серијата е да им обезбеди психолошка и физичка рехабилитација.

Игрите, кои беа закажани во Хаг, Холандија, во 2020 година, беа откажани поради пандемијата. A pринцот Хари е извршен продуцент на серијата.

Секој натпреварувач ќе придонесе на свој единствен начин во приказната за издржливост и одлучност. Оваа серија ќе биде како прозорец кон трогателните и возбудливи приказни на овие натпреварувачи на пат кон Холандија. Јас сум многу возбуден за целиот проект и јас горд сум на заедницата „Инвиктус“ “, рече принцот Хари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk