logo
logo
logo

Видео

Young Dadi и порача: И само брои до дваесет - посакај и тука сум за тебе

Vecer | 27.01.2023

Young Dadi и порача: И само брои до дваесет - посакај и тука сум за тебе

„Дваесет“ е насловот на новата песна на Young Dadi, која веќе е пуштена во етерот. Музиката и текстот се негови, битот е со потписот на JustRTprodcution, додека финалниот шмек, микс-мастерот го направи Лазар Цветкоски во LCV студио, каде и е снимена самата песна.

„И само брои до дваесет - посакај и тука сум за тебе“, вели Дади во текстот и признава дека би направил сѐ во име на љубовта, што навистина е реткост во ова време.

Направив нешто поразлично, песна за која инспирцијата ми беше музиката на 90-те, која инаку многу ми се допаѓа и кај мене буди некоја убава енерија, топлина. „Дваесет“ има примеси и на новата генерација и искрено верувам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Дади.

„Дваесет“ е тема која доловува една приказна за двајца лудо заљубени млади кои талкаат низ сивилото на Скопје, а тоа ќе го почувствувате и со гледање на самиот видеозапис. Во главната улога се Дади и Елена и нивната страст која ја имаат еден за друг. Дел од спотот се и скопските скејтери кои својата храброст ја прикажуваат преку изведување на кул трикови и со самото тоа додаваат одличен зачин на целиот филм. Кадрите се снимани на повеќе локации низ главниот град, како ГТЦ, стан во Градски ѕид, скејтпаркот во Карпош 3 и паркингот кај арената „Борис Трајковски”, а сите всушност се печат за нашето Скопје.

Спотот е снимен и едитиран од Давид Манев, а за сценариото и стајлингот се погрижи Александра Трпеска - Majestic. Фотографиите, пак, се создадени преку призмата на Александар Чокревски, заедно со Давид и Александра. Шминката и фризурите се дело на Бобан Тодоровски и студиото Bobcut Experience.

 

https://www.youtube.com/watch?v=XiqZ5lGl248

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk