logo
logo
logo

Вознемирувачко видео: Снимка од моментот кога крадците пукаат четири пати во човекот кој ги шета кучињата на Лејди Гага

Vecer | 27.02.2021

Вознемирувачко видео: Снимка од моментот кога крадците пукаат четири пати во човекот кој ги шета кучињата на Лејди Гага

Низ социјалните медиуми кружи видео од безбедносни камери на кое јасно се гледа како напаѓачите пукаат кон Рајан Фишер, човекот кој е задолжен за шетање на кучињата на пејачката Лејди Гага.

Впрочем, напаѓачите го застрелале Фишер четири пати и успеале да украдат две кучиња.

Видеото снимено од безбедносната камера на соседот покажува дека белиот автомобил дошол до Фишер, и дека двајца мажи излегле од задното седиште.

Еден од двајцата извади пиштол, велејќи му на Фишер „Остави ги“.

Тој се спротивставил, започна да вика и да ја повикува Коџија, едно од кучињата.

Сепак, напаѓачот пукал во него, а потоа и двајцата разбојници се вратиле во автомобилот, а секој од нив имал по едно куче.

Третото куче успеало да им избега.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk