logo
logo
logo

Во вторник почнува "Евровизија 2021": Кои се најголемите фаворити за победник?

Vecer | 16.05.2021

Во вторник почнува "Евровизија 2021": Кои се најголемите фаворити за победник?

Во тек се последните подготовки за новото издание на Изборот за песна на Евровизија, што започнува на 18 мај 2021 година - кога ќе се одржи првото полуфинале на ова големо музичко натпреварување.

Според сегашните податоци прикажани од обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија.

Оваа година, 39 земји ќе учествуваат на Евровизија. Три големи фаворити се Италија (22 проценти), Франција (20 проценти) и Малта (12 проценти).

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=u6FU4wPI-ng[/embed]

За потсетување, Малта до неодамна беше најголем фаворит за победа - но ситуацијата се смени по првата проба, кога претставничката Дестини доби неколку лоши критики за стајлингот и настапот.

Исланд е на четвртото место, по што следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.

Хрватска во моментов е на 17-то место, Србија на 23-то и Словенија на 35-та - со, судејќи според обложувалниците, со многу мали шанса за победа.

На листата осум најдобри од Балканот, најголем фаворит е Бугарија, по која следат Грција, Хрватска, Романија, Србија, Албанија, Северна Македонија и Словенија.

Погледнете ја втората проба на нашиот претставник Васил Гарванлиев:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=LR2aKaL5yb0[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk