Од денес

Во продажба ултра ВИП влезници и можност за дружба со Шон Пол

Во пресрет на најголемиот концертен спектакл летово и гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди Шон Пол (Sean Paul), закажано на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје, од денеска во продажба се бидат пуштени и ВИП и Ултра ВИП влезници.

Организаторите Fusion Production & Akasha booking велат дека поради големиот интерес на домашната публика овие влезници, заедно со досегашните за партерот и фан питот, до идната среда (25 јули) ќе се продаваат по претпродажна, односно промотивна цена. Така, влезниците до среда ќе се продаваат по цена од 1 100 денари за партерот, 1 600 за фан питот, 2 200 за ВИП делот (пакети со вклучени пијалаци) и 6 900 денари за ултра ВИП делот, а потоа ќе бидат објавени регуларните цени.

Ултра ВИП влезниците ќе бидат пуштени во многу мала количина и ќе бидат со ексклузивен 'meet and greet' настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво.

Шон Пол во Скопје доаѓа директно од Кардиф, Велика Британија, а негова следна дестинација по гостувањето во главниот град ќе биде Унгарија од каде оди на азиската турнеја. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со комплетна екипа составена од врвни танчарки и музичари, а на сцената во Скопје ќе ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета... Концертот е закажан на 23 август, на Стадионот АРМ, а е со почеток во 20 часот.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари