logo
logo
logo

Во недела завршен годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“

Vecer | 03.06.2023

Во недела завршен годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“

На 4 јуни 20203 (недела) со почеток во 20 часот во летниот клуб „Хавана“ во Скопје ќе се одржи завршниот годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“. Младите музички таленти ќе изведуваат преработки на рок нумери од познати светски поединци и бендови како: „Queen“, „Red hot chili peppers“… а за прв пат ќе се изведуваат и македонски кавери, односно нумери на познатите македонски бендови како „Архангел“ или „Санаториум“ на пример…

Влезот на завршниот концерт е бесплатен. Ова музичко училиште постои повеќе од две децении, поточно цели 21 -на година и се занимава исклучиво со изучување на рок музика.

Досега низ него минале стотици ученици од различни возрасти, од 6 па се до 20 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk