Во ФИФА И УЕФА паднале во несвест! Цеца влегла во историјатата на светскиот фудбал (фото)

Малкумина знаат дека фолк дивата Светлаба Цеца Ражнатовиќ, влегла во историјата на светкиот фудбал. Тоа останало забележано во актите на УЕФА и ФИФА.

- Прва жена сум , веројатно на планетата, која како претседател и претставник на својот клуб седела на клупа, со стручниот штаб и фудбалерите – раскажала своевремено Цеца во едно интервју, на висина од 8.000 метри во авион по враќање од утакмицата Атлетико Мадрид – Обилиќ одиграни во септември 1998 година.

Во прашање било прво коло на тогашниот Куп на УЕФА Атлетико од Мадрид кој бил подобар од српскиот шампион Обилиќ (2:0, 0:1)

На клупата, како претседателка на клубот седела на три гостувања таа сезона на Исланд, во Германија против Баерн и во Шпанија против Атлетико.

Врвот бил во Мадрид, каде што веднаш по селетување на аеродромот Барас, ја запирале на секој чекор и ја влечеле за ракав.

Во најавите за спектаклот кој се подготвувал на стадионот во "Висенте Калдерон" доминирала Цеца. "Ах, каков претседател", "Најубав фудбалски водач", "Спој на убавина и Фудбал", "Цеца најсакана на балканот" , тоа се само некои од насловите кои доминирале во шпанските медиуми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари